Job Openings Асистент во градежна фирма

About the job Асистент во градежна фирма

Job Good! Life Good!

Во The HeadHunter Group веруваме дека успешните кариери и успешните бизниси започнуваат со вистинските луѓе. Со присуство на Балканот, Кипар, Грција и Соединетите Американски Држави, се специјализираме за услуги од областа на регрутација и директно пребарување на кадри, поврзувајќи го врвниот талент со амбициозните организации.

Нашиот пристап се темели на доверба, брзина, познавање на пазарот и долгорочни односи, помагајќи им и на кандидатите и на компаниите да ги остварат своите цели.

За наш клиент, компанија од областа на градежништвото, фокусирана на развој и продажба на квалитетни станбени единици, бараме мотивиран и организиран Асистент кој ќе биде поддршка во секојдневното работење и ќе придонесе кон успешното позиционирање на тековните проекти на пазарот.

За позицијата:
Бараме организирана и комуникативна личност која ќе ги комбинира административните задачи со работа со клиенти и промоција на деловни единици на социјалните медиуми.

Што ќе работите:

  • Водење и евидентирање на влезни и излезни фактури
  • Водење деловодник и архива на документација
  • Основни административни и канцелариски задачи
  • Одење во УЈП и други институции по потреба, за завршување на административни обврски
  • Придружување на клиенти и професионално претставување на објектите
  • Креирање видео содржини од недвижностите и деловните единици и нивно објавување на социјалните мрежи (Instagram и Facebook)

Критериуми за работа:

  • Познавање на работа со влезни и излезни фактури и деловодник
  • Познавање на социјални мрежи и креирање видео содржина
  • Возачка дозвола Б категорија (задолжително)
  • Комуникативност, организираност и самоиницијатива

Нудиме:

  • Динамична работна средина и можност за професионален развој
  • Бонуси од остварена продажба
  • Надомест за гориво 

Сите апликации се третираат со целосна доверливост. The HeadHunter Group обезбедува еднакви можности без оглед на пол, возраст, националност, вера или кое било друго лично својство.