Job Openings Менаџер за Mатеријално Cметководство

About the job Менаџер за Mатеријално Cметководство

Job Good! Life Good!

The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решениа за барателите на работа и работодавачите.

За наш Kлиент, имаме потреба од:

Менаџер за Mатеријално Cметководство

Како Менаџер за материјално сметководство, вие би биле одговорен/а за организацијата и контролата на сите аспекти на материјалното сметководство. Главната одговорност на оваа позиција е да се обезбеди ажурна и точна евиденција на материјалната документација и да се следат и применуваат сите законски прописи.

Oдговорности

  • Организирање на целокупното работење во делот на материјалното сметководство и осигурување ажурна и точна евиденција на материјалната документација.
  • Контрола на влезната документација и изработка на распоред за книжење на истата.
  • Вршење на контрола на работењето, документите, процесите и вработените во материјалното сметководство, како и раководење, организирање, контролирање и образовување на персоналот.
  • Изготвување на извештаи за материјалното работење и контрола на книжењето на влезната и излезната документација во материјалното сметководство.
  • Организација на активности околу спроведување на попис, следење на неговата реализација и анализа на извештаи.
  • Анализирање на целокупното материјално книжење и одговорност за исправноста и изготвување на периодични и завршни сметки.
  • Следење и примена на позитивните законски прописи во работењето.
  • Изготвување на неделни и месечни планови и извештаи за спроведените активности.

Квалификации

  • Докажано работно искуство во областа на материјалното сметководство или слична област.
  • Универзитетска Диплома од оваа област
  • Одлични вештини за организација, контрола и комуникација.
  • Висок степен на организираност и прецизност.
  • Флуентност во македонски и англиски јазик, пишан и говорен.