Job Openings Раководител за тргување со енергија

About the job Раководител за тргување со енергија

Job Good! Life Good!

The HeadHunter Group, иновативна компанија за вработување и регрутација, присутна во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД, нуди висококвалитетни решенија во менаџментот на човечки ресурси.

За потребите на нашиот клиент ОКТА АД-Скопје, членка на HELLENiQ Energy Групацијата - една од водечките енергетски групи во Југоисточна Европа, бараме:

Раководител за тргување со енергија

ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Зголемување на енергетското портфолио во делот на тргување со електрична енергија и соодветно зголемување на бројот на корисници во балансната група на ОКТА
  • Координација и планирање на количините на електрична енергија потребни за тргување на дневна, месечна и годишна основа
  • Преглед на трансакции со електрична енергија
  • Преглед на билансните податоци за електрична енергија
  • Евалуација на доставени понуди од тендери за трговија со електрична енергија
  • Координација на трансакциите за доставена електрична енергија до соодветни институции.
  • Координација на договорите за трговија со електрична енергија, како и договори со клиенти, снабдувачи со енергија и трговци
  • Обработка на документација за упрaвување со ризик за клиенти кои тргуваат со електрична енергија
  • Обработка на CCP за клиенти кои тргуваат со електрична енергија
  • Подготовка на предлог на годишен и петгодишен бизнис план
  • Извршување на други работни задачи од областа на стручната квалификација, дадени од претпоставениот.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Висока стручна спрема од областа на Електротехника, Машинство или слична сродна област;
  • Минимум 3 (три) години релевантно работно искуство во трговија со електрична енергија, особено во трговија на големо (работно искуство во трговија со регионални берзи ќе се смета за предност);
  • Познавање и разбирање на Законот за енергетика и други сродни закони и подзаконски акти. Детално познавање на мрежните правила за пренос и дистрибуција;
  • Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Power Point);
  • Одлично познавање на деловен англиски јазик.

ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ И КОМПЕТЕНЦИИ

  • Силни интерперсонални и комуникациски вештини
  • Добри организациски вештини и time-management вештини;
  • Преговарачки вештини;
  • Способност за работа во тим;
  • Способност за multi-task;
  • Одговорност;
  • Ориентираност кон резултати;
  • Способност за донесување одлуки;
  • Професионализам и висок етички стандард.