Job Openings
МАШИНСКИ ОПЕРАТОР CNC
About the job МАШИНСКИ ОПЕРАТОР CNC
Job Good! Life Good!
The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решениа за барателите на работа и работодавачите.
За потребите на клиент, глобална производствена компанија, бараме:
Машински Оператор CNC
Работни задачи:
- Врши машинска обработка на делови и склопови
- Чита и применува техничка документација
- Подготвува мерен, стезен и контролен алат
- Ги подготвува работните парчиња за обработка (мери, позиционира, порамнува и сл.)
- Изработува пробно парче, го доставува на контрола и по потреба спроведува корекции
- Ја надгледува работата на машините и по потреба помага во разрешување на недостатоци и проблеми во машинската обработка
- Врши машинска обработка на делови (оперира ЦНЦ и/или класична машина)
- Врши финална обработка на произведените парчиња со браварски операции (турпијање, шмирглање, симнување рабови, естетско дотерување, полирање и сл.)
- Врши визуелна проверка и проверка со мерење на изработените парчиња и одговара за квалитетот и количината на изработката
- Ја надгледува работата на машините, открива и пријавува неисправности во функционирањето на машината
- Врши редовно одржување на машините и опремата (чистење и подмачкување)
- Врши подредување, пакување и обележување на изработените парчиња согласно техничката документација
- Навремено, уредно и точно пополнува евиденција поврзана со работните операции (работен налог, SPC листи и сл.)
- По потреба извршува и други работни операции.
Услови:
- Образование од технички струки (машински инженер, машински техничар и слично)
- Искуство со работа на CNC машини или работа во производство
- Познавање на техничка документација и технички цртеж
- Подготвеност за работа во смени
Понуда
- Компетитивни редовни месечни примања
- Платени сите задолжителни додатоци и надоместоци според закон
- Oбуки, бонус програми и можност за личен професионален развој
- Работно искуство во динамична интернационална бизнис средина