About the job ПРОДАЖНИ АСИСТЕНТИ
Job Good! Life Good!
The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решениа за барателите на работа и работодавачите.
За нашиот клиент мултинационална компанија за облека, H&M, сега бараме Асистенти за продажба за новата продавница во Скопје.
Добредојдовте во H&M!
Работно место каде што можете да бидете свои и многу повеќе!
ПРОДАЖНИ АСИСТЕНТИ
Работната позиција на Продажен Асистент е почетната точка во H&M и вашето воведување во брзото темпо на светот на глобалната мода. Оваа работна позиција може да биде забавна и шанса за учење и растење, или почеток на доживотна кариера во модната индустрија.
Како продажен асистент, ќе ги совладате основите на водење продавница, ќе се придружите на талентиран тим од нови пријатели - и што е најважно - ќе научите како да ги направите нашите клиенти да се чувствуваат добредојдени, среќни и инспирирани.
Бидете свои и повеќе во H&M !
Кои се вашите работни задачи:
- Да им понудите на клиентите високо ниво на услуга во продавницата
- Да ги користите знаењата за производите и модата за да го инспирирате клиентот со нудење предлози за купување, промовирање кампањи, понуди, активности и иницијативи на компанијата (т.е. напори за одржливост, собирање облека)
- Да ги процесирате испораките и надополнувањето навреме
- Да ја дополните и продавате најновата облека
- Да ги следите процедурите и најдобрите практики на компанијата
- Активно учество во подготовката и спроведувањето на сите комерцијални акции
- Активно поддржување на колегите преку тимска работа
- Работа во согласност со стандардите на H&M и локалните регулативи, со рутини за здравје и безбедност, за да ви гарантираме вам, на вашите колеги и на клиентите безбедност во секое време
Исто како и сите во H&M, веруваме дека имате претприемачки дух, сте одличен комуникатор, амбициозен и тимски играч, отворен за предизвици со силен внатрешен мотив и позитивен став.
Вашите компетенции вклучуваат:
- Фокусирани на клиентите, препознавајќи ги можностите за продажба
- Свесни за актуелните модни трендови за да ги предвидат потребите на клиентите
- Способност да се запазат роковите и да се работи во брзо опкружување
- Самомотивирани и позитивни
- Тимски играч
- Отворен ум, флексибилен и приспособлив на промени.
- Подготвени постојано да учите и да се развивате
Плата : Компетитивна
Звучи интересно? Еве ја вашата шанса за кариера со бескрајни можности!
Дополнителни информации
H&M е посветена да создаде разновидна и инклузивна средина и активно бараме кандидати без разлика на раса, пол, родов идентитет, сексуална ориентација, етничка припадност, религија, национално потекло, попреченост или возраст.
Нудиме улога во која секој ден е возбудлив предизвик, можност за работа со неверојатен тим и каде само вие ги поставувате границите на вашите можности за кариера!
Во H&M, вашиот личен раст и развој е исто толку важен колку и нашиот бизнис.