Job Openings Возач на камион / магацински работник

About the job Возач на камион / магацински работник

Job Good! Life Good!

The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решениа за барателите на работа и работодавачите.

За наш Kлиент Алумил, во потрага сме по:

Возач на камион / Mагацински работник

Улогата на Возач на камион / Магацински работник е да доставува трговска стока до крајни купувачи на Алумил Скопје, при што ќе врши транспорт на истата само за сопствени потреби на компанијата. Дополнително, во деновите кога ќе нема закажани рути за возење, ќе работи во магацин како магацински работник.

1.Опис на работни обврски и одговорности

  • Работникот има задача и обврска да помага при утовар и истовар на стоката која ќе ја транспортира и преку употреба на ремени за сигурност да спречи поместување на стоката со што би се спречило настанување на штета при транспортот;
  • Работникот има задача да го следи процесот на утовар на стоката согласно финална испратница и доколку забележи неусогласеност должен е да го извести супервизорот кој го одобрил транспортот на стоката;
  • Работникот не смее да дозволи утовар на друга стока во камион за која нема лиценца и не смее да дозволи утовар на стока над дозволената тежина на стока во камионот;
  • Работникот врши испрака на стоки до дадена локација на купувачот, врши наплата на стоки од купувачи во малопродажба врз основа на издадена фискална сметка и финансиско раздолжување на готовинската наплата најдоцна следниот работен ден. Доколку при испорака на стоки до купувачи во малопродажба, купувачот не изврши готовинско плаќање, стоката нема да се испорача и ќе ја врати назад во магацинот на работодавачот.
  • Ги почитува пропишаните правила за безбедност и здравје при работа во текот на целиот процес на транспорт;
  • Прави спецификација за набавка на дополнителни делови за камионот потребни за нормално функционирање на истиот;

Во деновите кога нема планирани рути за возење, возачот ќе работи дополнително во магацин како магацински работник, со следните работни обврски:

  • спремање на роба за издавање, според направени нарачки од продажба и контакт центарот
  • товарање на роба и контрола според финална испратница
  • истовар на камиони при увоз
  • организирање и класифицирање на артикли при увоз во магацинот
  • проверка и контрола на артикли при увоз, дали фактичката состојба се совпаѓа
  • со фактурираната
  • средување и одржување на хигиена во магацинот

2.Потребни квалификации кои е потребно кандидатите да ги исполнуваат

  • Возачка дозвола Ц категорија
  • Претходно работно искуство
  • Способност за работа во тим
  • Организирана и одговорна личност

3.Што нудиме

  • Основна плата согласно портфолиото на кандидатот
  • Работа според законската регулатива работно време 40 часови неделно,
  • секој работен ден од понеделник до петок
  • Приватно здравствено осигурување
  • Работа во успешен тим на интернационално ниво
  • Исплата на регрес за годишен одмор

Ги охрабруваме сите кандидати да аплицираат. Алумил доо Скопје како компанија не врши никаква дискриминација при изборот по било кој основ. Доколку сметате дека би биле уште еден успешен вработен на нашата компанија, добредојдени сте да поднесете апликација. Апликациите пожелно е да се поднесуваат на англиски јазик.

Адреса за апликација: info.skopje@alumil.com. Последен рок за аплицирање е 30 април  2024 година.

НАПОМЕНА: Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Податоците на кандидатите се обработуваат во согласност со Законот за заштита на лични податоци.