About the job Продажен Претставник за Океански Превоз
Job Good! Life Good!
The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решениа за барателите на работа и работодавачите.
За нашиот клиент, етаблирана логистичка компанија, бараме:
Продажен Преставник за Океански Транспорт
Бараме динамичен, ориентиран кон резултати продажен претставник за океански превоз да се придружи на логистичкиот тим. Идеалниот кандидат ќе биде одговорен за развој на нови деловни можности и управување со односите со постоечките и нови клиенти, со примарен фокус на услугите за океански превоз. Оваа позиција бара одлично познавање на меѓународниот превоз, трговските прописи и докажано искуство во логистичката индустрија, оддел продажба.
Опис на работно место:
- Идентификување, развој и склучување на нови деловни можности во океанскиот превоз (FCL, LCL).
- Продажба, управување и зголемување на портфолиото на постоечките и идните клиенти преку редовни следења, прегледи на услугите и следење на перформансите.
- Подготовка и доставување прилагодени понуди и предлози за превоз до клиентите.
- Преговарање за сервисите и нивните цени како и договорните услови во согласност со политиките на компанијата и целите за профит.
- Соработка со одделите за операции, услуги за корисници и странски агенти за да се обезбеди непречена организација и процесирање со пратките на клиентите.
- Водење и ажуририрање евиденција во CRM софтверот, вклучувајќи потенцијални клиенти, активности и напредок во продажбата.
- Да ги следи трендовите на пазарот, активностите на конкурентите и потребите на клиентите за соодветно прилагодување на стратегиите за продажба.
- Посетување на професионални/корпоративни настани и саеми за да ги промовира сервисите и услугите на компанијата а се со цел на проширување на мрежата на клиенти.
Квалификации:
- Докажано искуство во логистика, шпедиција или продажба на океански превоз (пожелно е 25 години).
- Силно познавање на меѓународните услови за испорака, документацијата и Инкотермс.
- Одлични комуникациски, преговарачки и презентациски вештини.
- Способност за самостојна и тимска работа, ефикасно управување со времето.
- Ориентиран кон клиентите со стремеж кон постигнување цели и KPI.
- Вешто познавање на Microsoft Office и CRM системи.
- Течно познавање на англиски јазик; дополнителни јазици се предност.
- Завршено Високо Образование, пожелно е диплома за бизнис, логистика, меѓународна трговија или сродна област.
Компанијата нуди:
- Конкурентна основна плата плус бонус.
- Можности за кариерен развој и обука.
- Поддржувачка работна средина.
- Можности за патување (доколку е потребно).