Job Openings Менаџер за Финансово Сметководство

About the job Менаџер за Финансово Сметководство

Job Good! Life Good!

The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решениа за барателите на работа и работодавачите.

За наш Kлиент, имаме потреба од:

Менаџер за Финансово Сметководство

Како Менаџер за финансово сметководство вие би биле одговорен/а за организацијата и контролата на сите аспекти на финансовото сметководство. Главната одговорност на оваа позиција е да се обезбеди ажурна и точна евиденција на финансовата документација и да се следат и применуваат сите законски прописи.

Oдговорности

  • Организирање на целокупното работење во делот на финансовото сметководство и осигурување ажурна и точна евиденција на финансовата документација.
  • Контрола на работењето, документите, процесите и вработените во секторот, како и раководење, организирање, контролирање и обука на персоналот.
  • Контрола на уплати на дневен промет во банка и исплата на парични средства преку каса-благајна преку извештаи.
  • Контрола и организација на побарувања, обврски, краткорочни позајмици и кредити помеѓу поврзаните правни субјекти.
  • Контактирање со банкарски институции за средување на финансиско работење.
  • Изготвување на извештаи за финансиското работење и контрола на книжењето на влезната и излезната документација во финансовото сметководство.
  • Анализа на целокупното финансово книжење и одговорност за исправноста и изготвување на периодични и завршни сметки.
  • Анализа и контрола на пресметка на ДДВ, финансиски извештаи, биланс на успех и биланс на состојба.
  • Следење и примена на позитивните законски прописи во работењето.
  • Изготвување на неделни и месечни планови и извештаи за спроведените активности.
  • Финансиско работење во делот на книжење основни средства и трошоци.
  • Искуство во изработка на завршни сметки.

Квалификации

  • Докажано работно искуство во областа на финансово сметководство или слична област.
  • Универзитетска Диплома од оваа област
  • Одлични вештини за организација, контрола и комуникација.
  • Висок степен на организираност и прецизност.
  • Флуентност во македонски и англиски јазик, пишан и говорен.