Job Openings Финансов Сметководител

About the job Финансов Сметководител

Job Good! Life Good!

The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решениа за барателите на работа и работодавачите.

За наш Kлиент, имаме потреба од:

Финансов Сметководител

Oдговорности

  • Пресметка и исплата на плати и надоместоци за сите вработени и ангажирани лица по друг основ;
  • Пресметка на плати, додатоци и задршки (сменско работење, работа за време на празник, ноќна смена, задршки по основ на неплатено отсуство,кредити);
  • Комуникација и координирање со авторската агенција и исплата на
    фактури за авторски договори;
  • Пресметка и исплата на ангажирани лица по основ договор на дело;
  • Изготвување на годишни даночни извештаи;
  • Учество во имплементација на Pantheon софтвер;
  • Плаќање на фактури од домашни и странски добавувачи и нивно
    распределување во соодветни буџети;
  • Книжење на готовински фактури
  • Книжење и контрола на целокупна сметководствена документација;
  • Kоординирање на прегледите на главната книга, книгата на должниците, книгата
    на доверителите, основните средства за да обезбеди точност и усогласеност со
    воспоставените сметководствени принципи и процедури;
  • Изготвување и достава на ДДВ пријави;
  • Пресметка на аконтации за данок на добивка;
  • Подготовка и поднесување на завршна сметка и финансиски извештаи;
  • Проверка на евиденцијата на основните средства и изготвува сметководствени
    извештаи кои ги опишуваат распоредите за амортизација;
  • Одговорен за ревизијата на крајот на годината како што се бара со политиката
    на компанијата и владините регулативи;
  • Прегледување на анализата и давање препораки за промени во
    сметководствените системи и процедури за постојано подобрување на
    ефикасноста и продуктивноста;
  • Го следи одржувањето на главните книги и финансиските извештаи и е
    одговорен за месечниот пакет за известување кој му обезбедува на
    раководството точни финансиски информации за употреба во процесот на
    донесување одлуки;
  • Ги разгледува извештаите за должниците, доверителите и главните досиеја на
    главната книга;
  • Го прегледува и/или надгледува банкарското усогласување за сите банкарски
    сметки и обезбедува правилно трошење и точност;
  • Подготвува датабази за известување за управување со готовина;
    Евидентирање на патни налози и нивни трошоци од службени патувања;
  • Електронско плаќање (домашни и странски фактури);
    Дополнителни финасиски анализи
  • Изработка на анализа за конкуренцијата во Македонија според
    официјалните завршни сметки за последните 5 години
  • Биланс на состојба и успех;
  • Познавање и примена на важечка законска регулатива од оваа област.

Квалификации

  • Образование: ССС/ВСС - Економски факултет;
  • Работно искуство: мин. 5 години работно искуство во областа сметководство и
  • финансии;
  • Овластување од оваа област би се сметало за предност;
  • Познавање на MS Office пакетот и работење во Еxcel;
  • Одлично познавање на англиски јазик.