Job Openings
Монтер / Испитувач
About the job Монтер / Испитувач
Job Good! Life Good!
The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решениа за барателите на работа и работодавачите.
За потребите на клиент, глобална производствена компанија, бараме:
Монтер / Испитувач
Работни задачи:
- Чита и применува техничка документација
- Обезбедува и подготвува потребен алат и помагала за монтажа на производите пристигнати со работен налог
- Врши подготовка на позициите за монтажа со нивно чистење (бришење, продувување и одмастување) ако се применува лепак)
- Врши визуелна контрола на работните површини од позициите кои треба да се монтираат
- Врши монтажа на подсклопови, склопови и цели производи со употреба на соодветен алат и специјални направи, помагала, преси за набивање, дупчалки, лепи со соодветен лепак според техничка документација и сл. пополнува чек листа ако таква постои за тој уред.
- При монтажата позициите ги замастува со употреба на масти пропишани во техничко-технолошката документација
- Користи динамометарски клучеви и пополнува извештај за динамометарскиот клуч
- според стандардите
- Врши подготовка за испитување на монтираните производи (поврзување на пробница според шема дадена во мерниот лист со приклучоци и црева со соодветен проток, нагодување на ходови на сопирачки цилиндри, отварање на соодветна програма за испитување и сл.)
- За испитаните апарати пополнува испитни листи со резултати од испитувањето, врши снимање на дијаграми и меморирање на дијаграми и мерни листи каде што тоа е предвидено и со потпис гарантира за исправноста на испитаните апарати, пополнува чек листа ако таква постои за тој уред.
- Испитаните апарати (производи) ги идентификува со монтирање на натписна табличка претходно пополнета со податоци дадени во работниот налог
- Врши демонтажа, повторна монтажа и испитување на апарати пристигнати за ремонт
- Врши сервисирање на производи на терен по основа на рекламација или испитување на прототипско возило
- По потреба извршува и други работни операции.
Услови:
- Машински техничар, електро техничар или друго образование со соодветна обука или искуство
- Минимум 2 години работно искуство на исти или слични позиции
- Монтажа на производи според монтажен цртеж
- Нагодување на мануелни и автоматски пробници за испитување
- Правилно користење на секаков вид на алат и направи за монтажа
- Мерење и техники на контрола на квалитет
- Користење на динамометарски клуч
- Користење на антивибрационен чекан и носење на соодветна заштитна опрема
- Тимска работа
- Прилагодливост и флексибилност
- Можност за напредoк.
Плата : Компетитивна