About the job Овластен Сметководител
Job Good! Life Good!
The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решениа за барателите на работа и работодавачите.
Нашиот клиент- лидер во индустријата на Оптика и медицински помагала со 50 годишна традиција и препознатлив бренд на македонскиот пазар, во соработка со The Headhunter огласува отворена позиција за:
ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
Локација: Скопје
Полно работно време
КОГО БАРАМЕ?
Бараме искусен и детално ориентиран Овластен Сметководител кој ќе води сметководствени процеси согласно важечките законски прописи и стандарди, ќе обезбеди точност и навремено известување до раководството и Управниот Одбор, како и надворешни институции, и ќе придонесе кон стабилен и транспарентен финансиски систем во компанијата.
ОДГОВОРНОСТИ:
- Целосно водење на сметководствени евиденции (главна книга, дневници, дневни каси и банкарски изводи)
- Изготвување месечни, квартални и годишни финансиски извештаи
- Изготвување и поднесување на ДДВ пријави, пресметка на плати, и други законски обврски
- Следење на законски промени и нивна имплементација во работењето
- Комуникација со надворешни ревизори, банки и државни институции
- Подготовка на завршна сметка и даночни пријави
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Високо образование од областа на економија/финансии/сметководство
- Сертификат за Овластен сметководител (лиценца од СМРМ) задолжително
- Минимум 5 години работно искуство на иста или слична позиција
- Одлично познавање на законска регулатива, МСФИ и локални даночни прописи
- Работа со сметководствени софтвери
- Прецизност, аналитички способности и висока одговорност
ШТО НУДИМЕ:
- Работа во реномирана и стабилна компанија со долгорочна визија
- Можност за постојан професионален развој
- Конкурентна плата со вклучени бенефиции
- Ги цениме семејните вредности, времето поминато со семејствтото затоа овозможуваме Флексибилно работно време (во администрација најчесто прифатено од 07-15ч)
- Подароци за најмладите, дополнителен слободен ден за прв школски ден, роденден
- Тимска и поддржувачка работна атмосфера