About the job Инженер за архитектура
Job Good! Life Good!
The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решениа за барателите на работа и работодавачите.
Алумил доо, со седиште на бул. Борис Трајковски 74А, Скопје, дел од групацијата Алумил, со седиште во Грција, што успешно работи на меѓународен пазар повеќе од 30 години, поради зголемен обем на работа го проширува својот тим и има потреба од пополнување на новоотворена позиција:
Инженер за архитектура
Улогата за инженерот за архитектура е да подржува, обучува и комуницира со архитекти, консултанти, инженери, јавни институции и инвеститори, со цел промовирање на производите на Алумил за нивните проекти и унапредување на продажбата.
Одговорности:
- Поддршка на архитекти, инженери и консултанти за изнаоѓање на најдобри решенија за нивните потреби
- Постојана посета на истите со цел поддршка и унапредување на продажбата
- Посета на купувачи за обука за нови системи и усовршување на постоечки системи
- Придонес во зголемување на продажбата и профитот, преку обезбедување на нови проекти, индиректна и директна продажба
- Да биде инфлуенсер во архитектонскиот свет и да креира портфолио на архитекти, консултанти и инженери
- Приоретизирање и класификација на клиентелата согласно клучните аспекти
- Градење на ефикасна комуникација со останатиот продажен тим и останатите сектори на Алумил, со цел успешно информирање околу проектите
- Ефективно следење на имплементација на сите проекти
- Обука на архитекти, инженери и консултанти за архитектонските решенија на Алумил
- Соработка со продукт менаџерите за развивање на нови решенија согласно потребите на пазарот
- Истражување и следење на конкуренцијата во неговата/нејзината област
- Мониторирање на системите на конкуренција и споредба на истите со системите на Алумил
- Работа во CRM, постојано ажурирање на базата
- Учество во сертифицирање на производите на Алумил
- Подготовка и ажурирање на технички презентации
- Учество на саеми и изложби
Квалификации:
- Универзитетска диплома од архитектонски факултет
- Пожелно претходно работно искуство од 3 години
- Предност имаат кандидати со работно искуство во градежниот сектор
- Одлични комуникациски и организациски вештини
- Познавање на Microsoft алатки
- Способност за работа во тим
- Напредни познавања на англиски јазик (тоа е јазикот на нашата фирма)
- Возачка дозвола B категорија
Што нудиме:
- Основна плата согласно портфолиото на кандидатот
- Бонус шема согласно остварени резултати и успешност во работата
- Работа според законската регулатива работно време 40 часови неделно, од 8-16 часот секој работен ден од понеделник до петок
- Приватно здравствено осигурување
- Службен автомобил и мобилен телефон
- Работа во успешен тим на интернационално ниво
- Исплата на регрес за годишен одмор
Ги охрабруваме сите кандидати да аплицираат. Алумил доо Скопје како компанија не врши никаква дискриминација при изборот по било кој основ. Доколку сметате дека би биле уште еден успешен вработен на нашата компанија, добредојдени сте да поднесете апликација. Апликациите пожелно е да се поднесуваат на англиски јазик.
Адреса за апликација: info.skopje@alumil.com. Последен рок за аплицирање е 15 јули 2023 година.
НАПОМЕНА: Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Податоците на кандидатите се обработуваат во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
Пробајте го Хедхантер за вашиот успех!
Доверете ја вашата кариера на ВИСТИНСКИТЕ професионалци!
Ве молиме бидете информирани дека само кандидатите селектирани за интервју ќе бидат контактирани. При аплицирање напомнете ја позицијата за која аплицирате