Job Openings
РЕВИЗОР
About the job РЕВИЗОР
Job Good! Life Good!
The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решенија за барателите на работа и работодавачите.
За потребите на наш клиент, реномирана интернационална ревизорска куќа, бараме:
РЕВИЗОР
Опис на работното место
- Подготовка и извршување на сите фази на ревизорскиот процес.
- Детални анализи на ревидираната документација и проверка на усогласеност со локална регулатива, политики и процедури.
- Подготвување и презентација на ревизорски извештаи.
- Соработка со клиентите и внатрешните тимови; други задачи поврзани ревизија.
Потребни квалификации
- Универзитетска диплома од економски науки: ревизија / сметководство / финансии.
- Работно искуство во екстерна ревизија / сметководство / финансии; искуство во екстерна ревизија ќе се смета за значајна предност (минимум 3 години е пожелно).
- Лиценца/Уверение за овластен ревизор не е задолжително;
- Течно познавање македонски и англиски јазик; други јазици се предност.
- Напредни компјутерски вештини и користење на софтверски алатки во ревизија.
- Одлично познавање на релевантни закони и регулативи.
- Силни вербални и писмени комуникациски способности.
- Аналитичност, чувство за ризик и контрола, самостојна организација и почитување на рокови.
- Силни меѓучовечки вештини, интегритет и дискретност.
- Ориентираност кон резултати.