Job Openings Специјалист за ISO 9001 и ISO 14001- Пробиштип

About the job Специјалист за ISO 9001 и ISO 14001- Пробиштип

Job Good! Life Good!

The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решениа за барателите на работа и работодавачите.

За нашиот клиент, етаблирана интернационална компанија, бараме:

Специјалист за ISO 9001 и ISO 14001- Пробиштип

Компанијата бара мотивиран и искусен Специјалист за ISO 9001 и ISO 14001, кој ќе биде одговорен за навремено и квалитетно извршување на работните задачи во областа на системите за управување со квалитет и животна средина.

Главни задачи и одговорности

  • Управување со индикатори за успешност на КЗС и следење на нивото на квалитет и заштита на животната средина.
  • Планирање и спроведување на внатрешни ревизии, како и ревизии кај добавувачи.
  • Координација со сертификациско тело (Bureau Veritas) при годишни ревизии.
  • Иницирање на превентивни и корективни мерки за подобрување на процеси, производи и системи.
  • Подготовка на извештаи и информирање на раководството за работата на системот и потребите за подобрување.
  • Воспоставување култура на континуирано подобрување и поттикнување на сите вработени за активно учество.
  • Соработка со купувачи, добавувачи и други релевантни страни при дефинирање на барања за квалитет.
  • Учество во развој на нови технологии, тестирања и пробно производство.
  • Управување со техничка документација, извештаи и архивирање.
  • Почитување на правилата за заштита на животната средина, безбедност и здравје при работа.

Барања за кандидатот

  • VII степен на образование (техничка, организациска, економска, металуршка или хемиска насока).
  • Минимум 3 години работно искуство на слична позиција.
  • Познавање на ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015 стандарди.
  • Добро познавање на релевантното законодавство, вклучително и прописите за безбедност и здравје при работа.
  • Напредни компјутерски вештини.
  • Течно познавање англиски јазик.
  • Добри организациски и раководни способности.
  • Комуникативност и тимска работа.
  • Возачка дозвола Б категорија.

Одговорности

  • Спроведување на плановите и задачите согласно законите, упатствата и стандардите.
  • Почитување на прописите за безбедност и заштита на животната средина.
  • Одговорност за заштита на деловна тајна и углед на компанијата.
  • Фокус кон постигнување на поставените цели.

Што нудиме

  • Динамична и професионална работна средина.
  • Можности за усовршување и развој.
  • Пакет на бенефиции согласно политиката на компанијата.