Job Openings
Team Leader for Quality Control - Ohrid
About the job Team Leader for Quality Control - Ohrid
Тим Лидер за Контрола на Квалитет - Охрид
Работни задачи и одговорност
- Креирање на работни приоритети и обезбедување строго почитување на сите рокови и процедури при извршување на задачите.
- Пренесување на работни инструкции од погорниот менаџмент на вработените,
- Известување на вработените за сите измени и дополнувања , за нови обврски и задачи и нивно организирање,
- Собирање податоци и подготовка на периодични, посебни и тековни извештаи,
- Следење и спроведување инструкции од погорниот менаџмент,
- Доделување должности и распоредување на одредени вработени врз основа на улогата, вештините и барањето и порачките од клиентите
- Контролирање на работата на вработените ( квантитетите, редовноста во пополнување на извештаите, редовноста на работното време, паузите, смените, дисциплината на носење на работната облека),
- Обука на нови и сегашни членови на тимот за задачи,
- Справување со прашања и жалби од клиентите
- Ефикасна и јасна комуникација со вработените и од погорниот менаџмент,
- Дневни состаноци со погорниот менаџмент за давање на неделни извештаи за изработената работа и заедничко организирање на престојната недела ( нови таргети, нови проекти, измени за приоритети и сл.),
- Распределување на вработените на работните позиции заради постигање на зададените таргети,
- Работа во смени ( 1ва, 2ра и 3та),
- Работа на различни локации кај клиентите
- Да потикнува и практикува тимска работа,
- Познавање на целокупната работа заради објективност во контролирањето,
- Почитување на сите кодекси на однесување и облекување и почитување на правилата од извршените обуки,
- Почитување на правилата на компанијата и стандардите за здравје и безбедност при работа.
Организациски односи:
- Во вршењето на работното место се воспоставуваат организациски односи и односи со раководителите и вработените во посебните структурни единици.
- Воспоставува контакти со менаџери и специјалисти од други претпријатија и клиенти и организации од областа на примање и пренесување информации.
Квалификации
- Образование: ССС или Високо образование.
- Вештини: Kомпјутерски вештини и познавање на англиски
- Професионално искуство: Минимум 1 година професионално искуство во произвдоство.
- Други барања: доверливост, чувство на лична одговорност и самоконтрола, вештини за тимска работа.
- Активен возач – Б категорија
Понуда/Плата : Компетитивна