About the job Аналитички Асистент
Job Good! Life Good!
The HeadHunter Group е иновативна компанија за регрутација и селекција на кадар, присутна во Северна Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Грција, Кипар, Бугарија, Канада и САД.
За потребите на наш клиент – реномирана финансиска компанија со стабилен раст и развој на македонскиот пазар, во потрага сме по мотивиран и аналитички ориентиран кандидат за позицијата:
АНАЛИТИЧКИ АСИСТЕНТ
Локација: Скопје
Како Аналитички асистент, ќе бидете вклучени во подготовка и анализа на деловни податоци, следење на резултатите и перформансите на компанијата и креирање извештаи кои ќе придонесуваат за подобро деловно одлучување и развој на производите и услугите.
Оваа позиција е одлична можност за кандидат кој има изразени аналитички и логички способности, сака да работи со податоци и бројки и има желба да се развива во динамична деловна средина.
Главни работни задачи и одговорности:
- Изработка на дневни, неделни, месечни, квартални, годишни и ад хок извештаи и анализи;
- Следење и анализа на деловните резултати и перформанси;
- Контрола, проверка и тестирање на точноста на податоците и извештаите;
- Креирање нови и унапредување на постојните извештаи и аналитички пристапи за подобро следење на резултатите, перформансите и процесите;
- Подготовка и презентација на извештаи, анализи и релевантни заклучоци;
- Внесување, ажурирање и корекција на податоци во ERP систем;
- Соработка и комуникација со различни сектори во компанијата за собирање, обработка и анализа на податоци;
- Комуникација и презентирање на подготвените анализи и извештаи пред релевантните соработници.
Потребни квалификации:
- Високо образование ќе се смета за предност, но не е задолжително;
- Претходно работно искуство на слична или аналитичка позиција ќе се смета за предност;
- Познавање на MS Office пакетот, со посебен фокус на Excel и PowerPoint;
- Основно познавање на економска и финансиска терминологија и деловни процеси;
- Развиени аналитички и логички способности;
- Добри организациски способности и внимание кон детали;
- Добри комуникациски и презентациски вештини;
- Одговорност, иницијативност и желба за учење и професионален развој.
Нашиот клиент нуди:
- Динамична и пријатна работна средина;
- Приватно здравствено осигурување;
- Можности за континуиран професионален и кариерен развој;
- Внатрешни и надворешни обуки, конференции и други активности за професионално усовршување;
- Работа во стабилна компанија со континуиран раст;
- Поддржувачка средина и тим на професионалци кој ги вреднува интегритетот, тимската работа и отворената комуникација;
- Дополнителни бенефиции за вработените и нивните семејства;
- Тим билдинг активности и настани насочени кон развивање на тимскиот дух;
- Учество во општествено одговорни активности.
Доколку сте аналитична, организирана и мотивирана личност која сака да се развива во финансискиот сектор, Ве охрабруваме да аплицирате.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.