Job Openings Координатор за Земјоделско Производство

About the job Координатор за Земјоделско Производство

Job Good! Life Good!

The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решениа за барателите на работа и работодавачите.

Во име на наш клиент, реномирана компанија од агро-индустријата, бараме искусен и организиран професионалец кој ќе се приклучи на тимот на позицијата:

Координатор за земјоделско производство

За позицијата

Координаторот за земјоделско производство ќе биде одговорен за планирање, организација и надзор на сите активности поврзани со земјоделското производство, со цел обезбедување ефикасност, оптимизација на ресурсите и постигнување висок квалитет на производството.

Клучни одговорности

  • Планирање, организирање и координација на производните активности;
  • Изработка и следење на производствени планови и програми за развој;
  • Анализа на производните процеси и предлагање мерки за нивно подобрување;
  • Планирање и оптимизација на потребните ресурси (работна сила, механизација и материјали);
  • Организација, координација и надзор на сите активности поврзани со производство на земјоделски култури;
  • Раководење, распоредување и следење на работата на вработените;
  • Следење на процесите од подготовка на површините за сеидба до берба, пакување и испорака;
  • Оперативен надзор на терен и координација на дневните активности;
  • Контрола и евиденција на механизација, возила и приклучна опрема;
  • Следење на потрошувачката на гориво и оперативните трошоци;
  • Контрола на здравствената состојба на насадите;
  • Подготовка на дневни, неделни и месечни извештаи;
  • Соработка со надворешни стручни лица и консултанти;
  • Обезбедување високи професионални стандарди и деловна етика.

Потребни квалификации

  • Високо образование од областа на земјоделските науки и храна или средно стручно образование од областа на земјоделството;
  • Минимум 5 години работно искуство на иста или сродна позиција;
  • Познавање на земјоделска практика, технологии и производствени процеси;
  • Одлични организациски и комуникациски способности;
  • Аналитички пристап и чувство за економичност и контрола на трошоци;
  • Способност за работа под притисок и почитување рокови;
  • Проактивност и способност за решавање проблеми;
  • Познавање на MS Office пакет;
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност.

Компанијата нуди

  • Можност за професионален развој и напредување;
  • Стручна и менторска поддршка при воведување во работата;
  • Работа во стабилна и перспективна компанија;
  • Дополнителни бенефиции за вработените.

Доколку сте мотивирани да преземете одговорна улога во земјоделското производство и сакате да бидете дел од успешен тим, ве покануваме да ја испратите вашата биографија.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани.