Job Openings
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ТЕНДЕРИ
About the job СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ТЕНДЕРИ
Job Good! Life Good!
The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решениа за барателите на работа и работодавачите.
За потребите на нашиот клиент реномирана компанија од IT индустрија, бараме:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ТЕНДЕРИ
Кандидатот на оваа позиција е задолжен за комерцијалниот дел, работи самостојно во координација со останатиот дел од тимот, координација со генералниот менаџер, технички директор, продукт специјалисти.
Опис на работното место:
- Изработка на документација за проекти (техничка и административна)
- Комуникација со клиент и управување со проекти (тимови и одговорни лица)
- Следење на домашни и странски тендери
- Изработка на тендерска документација (техничка и административна)
- Изработка и следење на договори
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование
- Минимум 3 години работа со проекти, следење и управување со тендери од IT индустрија
- Комуникативност, исполнителност, одговорност, лојалност
- Проактивен и професионален пристап во работата
- Способност за работа во тим и во динамична средина
- Одлично познавање на Англиски Јазик
- Познавање на MS Office
- Возачка дозвола Б категорија