About the job БЕСПЛАТНА АКАДЕМИЈА ЗА ЖИВОТНИ ПРОФЕСИОНАЛНИ ВЕШТИНИ
Бесплатна Академија за животни професионални вештини (платен хонорар)
Бараш работа или сакаш да смениш професионална насока?
Oтвораме 10 места за бесплатна 12-месечна академија во Скопје, каде што учиш низ работа на реални проекти. Учесниците добиваат платен хонорар од 30.000 денари, според условите на програмата и договорот за учество, и стекнуваат искуство што можат да го наведат во своето CV.
Што ќе правиш?
Со тим ќе тестираш идеи, ќе развиваш производи и услуги и ќе работиш со првите клиенти. Ќе пробуваш различни улоги за да откриеш во која насока сакаш да продолжиш. Покрај работата, те очекуваат и активности за личен развој, тимска работа и самодоверба, како и заеднички дружења, планинарење, културни настани и посета на компанија во странство.
Што добиваш?
- Бесплатна обука и менторство од искусни инструктори и експерти
- Месечен платен хонорар
- Практично искуство за твоето CV
- Комуникациски, тимски, дигитални и други применливи вештини
- Нови пријателства и професионални контакти
Кој може да се пријави?
Ако имаш 25–35 години, знаеш англиски и користиш компјутер, можеш да аплицираш без претходно работно искуство, без бизнис-идеја и без претходна обука. Доволна е желбата да учиш и да создаваш. Академијата трае 12 месеци и има флексибилен распоред што вклучува викенди и повеќедневни активности надвор од работната средина.
Како да аплицираш?
Испрати кратка пријава на elenahadjipecova@gmail.com најдоцна до 16 ноември. Потоа следуваат формулар со неколку прашања, разговор со избраните кандидати и заедничка пробна активност.
Не бараме совршено CV. Бараме луѓе што сакаат да направат промена.