Job Openings Специјалист за безбедност и Здравје при Работа и заштита на Животна Средина

About the job Специјалист за безбедност и Здравје при Работа и заштита на Животна Средина

ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО:

  • Координација на активностите во врска со безбедноста и здравјето при работа и заштита на животна средина со целосна имплементација на законски, научни и инженерски пишани материјали кои се поврзани и во коресподенција со технолошкиот процес на аеродромот;
  • Соработка со надлежни инспекторати во врска со имплементација на законска регулатива како и потврдување дека истата е имплементирана;
  • Организирање на периодична инспекција и тестирање на средства и опремата за работа, уреди, инсталации условите во работната средина и водење на евиденција за тоа
  • Организирање и вршење на редовни и контролни прегледи на хемиските, физичките, биолошките ризици, микроклима, осветленост, јонизирачко и нејонизирачко зрачење во работната средина;
  • Учество при планирање, избор, купување на средствата ,опрема , уреди и инсталации во компанијата согласно важечки стандарди и барања од законска регулатива како и нивно пуштање во употреба согласно пишани процедури;
  • Планирање, избор, купување и одржување на лични заштитни средства и опрема утврдени согласно Актот за проценка на ризик на работни места и важечки стандарди и барања од законска регулатива ,водење на евиденција за задолженост на лични заштитни средства;
  • Изработка на Акт за проценка на ризик и изјава за безбедност согласно законот за безбедност и здравје при работа како и подзаконски акти;
  • Подготовка на програма и спроведување обуки на вработените согласно законот за безбедност и здравје при работа за безбедно извршување на работните задачи;
  • Извршува активности на инструктор во рамките на областа за безбедност и здравје при работа и заштита на животна средина, планирање, координирање и реализација на обука согласно планирана Програма за обука: евиденција за присуство, припремање на материјали, планови за час и презентации за теоретска обука, изработка на уверенија за извршени обуки на вработени и надворешни лица кои посетувале обука за безбедност и здравје при работа;
  • Учествување во организирањето на претходни, периодични и насочени лекарски прегледи на вработените и водење на соодветна евиденција;
  • Подготовка на документација за случени инциденти и повреди на работно место, истрага на инциденти, подготвување извештаи, пријавување на повреди согласно пишани процедури
  • Следење и анализа на повредите и инциденти поврзани со работењето, идентификација на причините за истите и подготовка на извештаи за работодавачот, заедно со сите предложени безбедносни мерки;
  • Извршува активности од аспект евидентирање на податоци согласно законска регулатива: извршени обуки, тестови на опремата за работа, спроведени мерења на физичките, хемиски и биолошки ризици; микроклима и осветлување на работната средина, редовни и периодично медицински прегледи, несреќи на работното место, инциденти, професионални заболувања и смртни случаи на работното место;
  • Учество во подготовка на процедури и инструкции од аспект на безбедност и здравје при работа, управување со системите за квалитет и заштита на животна средина;
  • Присуствување на состаноци и давање професионални мислења за работи кои влијаат на безбедноста и здравјето на работното место;
  • Вршење на редовни контроли по работни позиции и утврдување на недостатоци и непочитување на работни процедури и евидентирање на истите;
  • Вршење на внатрешен надзор над спроведувањето на мерките за безбедно извршување на работата, (опремата во безбедносно контролираната зона, садови и системи под притисок, безбедносна опрема ,високонапонска опрема , трансформатори, агрегати, громобрани, дигалки, транспортни ленти итн);
  • Организирање на превземање на отпад, изготвување на документација водење на евиденција;
  • Подготовка на годишни извештаи и програма за управување со отпад согласно законот за управување со отпад;
  • Мерење и контрола на квалитет на вода за пиење, отпадна вода, бучава, загадување на воздухот согласно важечка законска регулатива

ОБРАЗОВАНИЕ:

Високо образование (VII Степен)

ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЛИЦЕНЦИ И ВЕШТИНИ:

  • Положен испит за Безбедност при работа (Стручно лице за безбедност при работа)
  • Положен испит за Управување со отпад (Управител со отпад)
  • Познавање од од областа БЗР
  • Познавање на законите и подзаконските акти од областа на БЗР
  • Познавање на законите и подзаконските акти од областа на животна средина
  • Познавање на законите и подзаконските акти од областа од областа на техничка инспекција
  • Технички познавања
  • Комуникациски вештини
  • Одлично планирање и организациски вештини
  • Тимска работа
  • Одлично познавање на англиски јазик

РАБОТНО ИСКУСТВО:

  • Најмалку 2 години работно искуство во соодветна област

Нудиме динамична и стимулативна средина, како и професионален предизвик.

Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.