Job Openings
Референт за општи и Административни Работи
About the job Референт за општи и Административни Работи
Оптимизација на административните процеси и обезбедување на непречено одвивање и олеснување на внатрешната и надворешната комуникација придонесувајќи кон ефикасно и професионално работење на градежната компанија.
Оперативни функции и задолженија
- Дејствува како прв контакт со странки при прием во просториите на компанијата, пречек на странки на професионален и учтив начин;
- Следење и прием на телефонски повици од странки, како и пренасочуање на истите до соодветни сектори и поединци во компанијата;
- Нуди поддршка на останатите сектори во компанијата преку извршување на активностите поврзани со испраќање и примање на пошта;
- Врши прием и сортирање на дојдовна пошта, како и подготовка на појдовна пошта и пакети кои е потребно да се испорачаат;
- Одржува јасна и прецизна евиденција на поштата и активностите поврзани со испраќање и прием на истата;
- Ја следи испораката и приемот на пошта со цел обезбедување на навремена дистрибуција;
- Ја ажурира книгата на посетители во објектот и раководи со безбедносните пропусници; (доколку има такви во компанијата)
- Rаководење со залихите на канцелариски материјали и набавка со цел надополнување на истите;
- Прави аранжмани за деловни патувања, односно организира потребен транспорт и сместување во хотел, по потреба;
- Помага со админстративни задачи како пренесување на документи, фотокопирање и скенирање на документи, по потреба;
- Помага при внесување податоци и одржување на електронски и физички системи за документација, по потреба;
- Ги извршува сите други работи на своето работно место согласно укажаната моментална потреба и по налог на претпоставен.